
Управата на Баер Леверкузен сака по секоја цена да го задржи Чаби Алонсо на клупата и подготвила нов богат договор за шпанскиот стратег кој силно се поврзува со премин во Реал Мадрид.
„Фармацевтите“ сакаат да го „бетонираат“ договорот на тренерот кој им ја донесе првата историска титула во Бундеслигата и му понудиле соработка до 2028 година, со зголемена плата од скоро 70 проценти.
Иако силно се шпекулира дека Алонсо сака да го преземе Реал Мадрид откако ќе замине Карло Анчелоти, сепак оваа ситуација би можела да добие пресврт и младиот стратег да остане во Германија.
Самиот Алонсо неколку пати изјавуваше дека „неговата работа во Леверкузен не е завршена“, а сите овие информации ги радуваат навивачите кои немаат ништо против Шпанецот да се задржи во клубот уште барем две или три години.