Личните карти со старото државно име ќе продолжат да важат до рокот на траење
Личните карти со старото државно име ќе продолжат да важат до рокот на траење
Личните карти со старото државно име ќе продолжат да важат до рокот на траење. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски рече дека личните карти не треба да се менуваат доколку се уште имаат законски рок на важност и можат да се користат за патување во странство, поточно во земји со кои има договор.
Во меѓувреме, рокот за промена на возачките дозволи со старото државно име беше до 31 декември 2024 година, откако Собранието ги изгласа законските измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. На неколку дена пред крајот на годината имало над 800 илјади граѓани кои веќе ги смениле возачките, додека од почетокот на јануари 2025 година документите со старото државно име се неважечки. Министерот за внатрешни работи апелираше до сообраќајната полиција наместо казни да им дава опомени на возачите кои се уште не успеале да ги обноват возачките дозволи и на кои им е истечен рокот на траење.
Покрај рокот за возачки дозволи, истото важеше и за старите регистерски таблички, кои требаше да се сменат со нови таблички. Лепенките за регистарските таблички граѓаните можат да ги најдат во сите станици за технички преглед./Алсат.мк
Авни Тахири