ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Личните карти според регулативите на ЕУ, вели Заев

Премиерот Зоран Заев е подготвен да се откаже од етничката припадност на личните карти во име на членството во Европската унија. Иако пред неколку дена категорично рече дека за ова прашање е даден збор и дека ќе биде исполнетo, денес Заев има поинаков став. Според него, додека директивите на ЕУ забрануваат такво нешто, и нашата земја мора да го почитува тоа. Заев не кажува директно дали предлог законот за лични карти ќе биде повлечен од собраниска процедура.

Но, Движењето Беса не се согласува. Според нив, процесот на евроинтеграција е долг и законот треба да биде усвоен. Доколку е потребно, по членството во ЕУ може да се укине.

“Во моментов не го гледаме ова како пречка за процесот на интеграција. Зборуваме за регулатива која важи за членките на ЕУ. Ние сме подготвени штом влеземе во процесот на членство или близу до членство, ќе разговараме за да го тргнеме законот ако тој биде пречка за интеграција”, вели Кастриот Реџепи, пратеник на Движењето Беса.

Собранието сè уште технички работи на 1.230 амандмани предложени од Левица. За оваа недела не е закажана седница на Комисијата за политички систем за разгледување на амандманите. Амбасадорот на ЕУ во Скопје, Дејвид Гир, пред неколку дена изјави дека ваквата законска одредба е во спротивност со законодавството на ЕУ кое од август 2021 година ќе ги отстрани етничката и верската припадност од секој личен документ на граѓаните во земјите членки на Унијата. ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од ставот дека без усвојување на амандманот за националност во личните карти, не го поддржува законот.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button