ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лидерите на албанските партии во Македонија на средба со Рама во Тирана

Лидерите на партиите на Албанците во Македонија денеска ќе одат на вечерен коктел кај албанскиот премиер Еди Рама. Дел од албанските аналитичари велат дека ова не може да се толкува како мешање во внатрешните работи на Македонија. Шефот на дипломатијата Бујар Османи, по вчерашниот состанок со амбасадорите на САД и на Јадранската повелба, изјави дека средбата во Тирана, околу која се плетат разни сценарија, е новогодишна и без некоја конкретна агенда.

потпретседателот на Движењето Беса, Фатмир Лимани порача дека Билал Касами нема да оди во Тирана бидејќи целта на закажаната средба на лидерите на партиите на Албанците во Тирана е промовирање на нова влада на Димитар Ковачевски, проширена со уште еден коалициски партнер и спас на речиси две години мандат“, изјави Лимани. Беса, според претставници на оваа партија, доби покана за средба од Рама, но нема намера да седи на иста маса со лидерот на ДУИ.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button