ВЕСТИСВЕТ

Лидерите на арапските и муслиманските земји го повикаа Израел да се повлече од окупираните територии

Лидерите на арапските и муслиманските земји се состанаа вчера на Самит одржан во Саудиска Арабија, од каде го повикаа Израел да се повлече од окупираните арапски територии, со цел да се постигне сеопфатен мир на Блискиот Исток.

„Праведен и сеопфатен мир во регионот не може да се постигне без да се стави крај на израелската окупација на сите окупирани територии од 1967 година, кога Израел ја започна окупацијата на Западниот Бред, Источен Ерусалим и сирискиот Голан. Тоа е и во согласност со резолуциите на Обединетите нации и арапскиот мировен план од 2002 година“, се вели во завршната деекларација на самитот.

Овој заеднички Самит на Арапската лига и Организацијата за исламска соработка, чиј домаќин е Саудиска Арабија повикува на единство на сите палестински територии, како Појасот Газа и окупираниот Западен Брег, во рамки на палестинската држава. Се посочува дека главен град мора да биде Источен Ерусалим, окупиран од Израел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button