ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лидерите на „Отворениот Балкан“, се сомневаат дали ќе присуствуваат на самитот на Брисел

Лидерите на „Отворениот Балкан“, се сомневаат дали ќе присуствуваат на самитот на Брисел

Премиерот Димитар Ковачевски, неговиот албански колега Еди Рама и српскиот претседател Александар Вучиќ утре ќе донесат заедничка одлука дали ќе присуствуваат на Самитот во Брисел за Западен Балкан. Одлуката на Ковачевски, Рама и Вучиќ да учествуваат на Самитот ќе зависи од состанокот на Комисијата за надворешна политика во бугарскиот парламент, кој за утре наутро свика состанок за францускиот предлог.

„Во пресрет на самитот на ЕУ за Западен Балкан, денеска одржавме вонредна отворена балканска средба заедно со моите колеги Александар Вучиќ и Еди Рама. Разговаравме за националните позиции на секоја земја, регионалната перспектива и динамиката на евроинтегративниот процес. Се договоривме по дополнителни консултации, утре да ја донесеме конечната одлука за нашето учество на самитот во Брисел за Западен Балкан“, рече Димитар Ковачевски, премиер.

ВМРО ДПМНЕ го отфрла францускиот предлог за деблокирање на спорот со Бугарија и бара тој да биде отфрлен.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи ги отфрли тврдењата на опозицијата, и рече дека францускиот предлог се уште не е доставен до МНР , затоа што се чекаат мислењата од земјите членки на Унијата./Alsat.mk

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button