ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лидерска средба, без уцени

Премиерот Димитар Ковачевски ќе прифати лидерска средба на стратешки теми, но не и за предвремени избори. Ова е неговиот став, два дена пред да стапи на сила одлуката на опозицијата за активно блокирање на Собранието. Премиерот вели дека работата на Собранието не може да се диригира од лидерски средби.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува премиерот да прифати предвремени избори и заеднички да работат на надминување на кризите.

„Ковачевски да не го слуша Заев и да прифати предвремени парламентарни избори. Од датумот на договорот до датумот на изборите, ВМРО-ДПМНЕ нуди 4 екипи експерти кои ќе и помогнат на државата да се справи со последиците од кризата. Само со нова влада на ВМРО-ДПМНЕ предводена од експерти, луѓе од народот, државата ќе излезе од кризите во кои не втурнаа СДСМ и ДУИ“, ВМРО ДПМНЕ

Од 10 мај ВМРО-ДПМНЕ најави дека активно ќе го блокира Собранието доколку не се прифати барањето за лидерска средба и предвремени избори. Во блокадата ќе се приклучи и Движењето Беса, но не и Алијанса за Албанците. /Алсат.мк

Фатлуме Дервиши 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button