МАКЕДОНИЈА

Линде: Преговорите со Северна Македонија требаше веќе да бидат почнати

Северна Македонија ги исполни потребните услови и преговорите треба да започнат веднаш. Како претставник на шведската Влада цврсти верувам дека преговорите со Северна Македонија требаше веќе да бидат почнати и ЕУ веќе донесе едногласна одлука за ова во март 2020 година, изјави денеска во Скопје шведската министерка за надворешни работи Ан Линде, на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Одговарајќи на новинарско прашање, во однос на блокадата од Бугарија, Линде рече дека ЕУ презела обврски кон Северна Македонија и дека треба да ги исполни тие обврски.

– Потребен е билатерален дијалог да се решат овие прашања на соодветен начин и ги поттикнувам сите дипломатски напори за решавање на ова прашање. На моите состаноци со министрите за надворешни работи во ЕУ јасно истакнувам дека Бугарија не треба да ги блокира преговорите и дека билатерално прашање не треба да биде предуслов за почеток на преговорите со Северна Македонија. Мислам дека ова е заедничка позиција и став на повеќето министри за надворешни работи, освен на министерот за надворешни работи на Бугарија, изјави Линде.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button