
Екипата на Ал-Етифак може да добие уште едно звучно име во своите редови затоа што Џеси Лингард тренира со клубот.
Пред неколку дена Лингард допатува во Саудиска Арабија, а од денес веќе е на тренинзите на клубот. Англичанецот ќе тренира со Ал-Етифак еден месец како слободен агент, па ќе се донесе одлука дали ќе потпише.
Лингард и Етифак ќе ги пеглаат деталите за евентуален договор, но одлуката ќе ја има тренерот Стивен Џерард кој ќе биде клучен во целата зделка. Џеси Лингард е екс-играч на Манчестер Јунајтед со кого беше под договор од 2011 до 2022 година, а последната сезона 30-годишниот играч ја мина во Нотингем Форест.