МАКЕДОНИЈА

Линиите 5, 11 и 11А од денеска со изменет режим на сообраќање

Поради градежните зафати на улицата „Кузман Шапкарев“, од денеска линиите 5, 11 и 11А во реонот на Дексион ќе имаат изменет режим на сообраќај од вообичаениот.

Од ЈСП Скопје информираат дека возилата од посочените линии ќе возат по посочениот режим, се до завршување на градежните активности кои се изведуваат по налог на Град Скопје.

На линијата 5 автобусите од семафорите на булевар „Ѓорче Петров“ ќе вртат лево кон болницата „Санте плус“, па потоа кружно излегуваат повторно на булеварот и продолжуваат по редовната траса.

Автобусите за почетно/крајна постојка ја користат постојката во Јурија, а истата постојка ја користат и возилата од линија 160

Посочениот режим важи и во двете насоки на сообраќање

На линиите 11 и 11А автобусите во насока од Рашче и Свиларе ќе се движат кон Транспортен центар, а од Дексион се пренасочени по улица „Црногорска“, па десно по улица „Атанас Иљоски“, лево на улица „Борис Сарафов“ и продолжуваат право на кружниот тек, па од кај Порта Влае продолжуваат по редовната траса .

Автобусите во насока од Транспортен центар кон Свиларе и Рашче сообраќаат по редовните траси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button