ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Линијата 112 на ЦУК сè уште недоволно позната за граѓаните

За 15 месеци имало 660 илјади итни повици кон бројот на Центарот за управување со кризи 112. Станувало збор претежно за барање на полициска помош, а најмалку за противпожарната служба. Претставниците на центарот велат дека одговориле на 520 илјади повици, а 145 илјади други биле јавувања по грешка.

Иако бројот 112 кој служи за итни случаи постои од февруари минатата година, граѓаните се многу малку информирани за неа. Директорот на Центарот за управување со кризи во интервју за МИА вели дека ставот на Владата да нема реклами во медиумите од државните институции ги остава граѓаните неинформирани.

Линијата 112 ги вклучува 8-те најголеми градови во земјава, Скопје, Куманово, Штип, Охрид, Струмица, Велес, Битола и Тетово.

Вјолца Алити

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button