ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лирман: Билатералните прашања да бидат билатерално решени

Германија е сериозна со ЕУ-перспективата за сите држави од регионот. ЕУ во однос на Северна Макеоднија стои на својот збор. Сите предуслови за почеток на пристапните преговори се исполнети. Преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ треба да почнат, Германија и понатаму активно ќе се залага за тоа, рече германската министерка за Европа, Ана Лирман на денешната заедничка прес-конференција со министерот Бојан Маричиќ.

Лирман потенцира дека билатерталните прашања мора да бидат билатерално решени, незвисно од пристапниот процес со ЕУ. Додаде и дека нашата земја и Бугарија активно работат на решение на блокадата.

-Северна Македонија консеквентно продолжува да чекори по патот на реформите и владеењето на правото што е исто така сигнал во правец на ЕУ. Би сакала да Ве охрабрам да останете на тој пат, истакна министерката, дополнувајќи дека без борба против корупцијата ниту една земја не може да се развива.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button