ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лицата со оштетен вид лути на Министерството за труд и социјала

Лицата со оштетен вид лути на Министерството за труд и социјала

Го кренал гласот за правата на лицата со оштетен вид, но тоа го чинело скапо. Останал без државна помош. Суарет Алишан со 99% слепило, вели дека Министерството за труд и социјална политика неправедно му го укинало приходот од 4 илјади денари, за како што вели, притисок за да го замолчи.

„Оваа категорија не е ниту вклучена на пазарот на трудот, но нема врска помошта за хендикепираните со другите приходи. И слепите кои работат користат помош за лица со посебни потреби. Тоа значи дека министерот не го знае законот бидејќи тој постои до 2009 година, сега тој закон е изменет“, рече Суарет Алишан, Здружение „Коалиција Менуваме“.

Првиот човек на Коалицијата „Менуваме“ бара лицата со оштетен вид да добиваат помош од 35 отсто од просечната плата или над 10.000 денари месечно, а на асистентите да им биде исплатена цела плата бидејќи 4-те часа во нивна служба се недоволни. Бараат да се формира Национална агенција за лица со посебни потреби, каде би имало 3.500 лица само во категоријата со оштетен вид.

„Формирани се здруженија, каде претседателите ја играат улогата на организатори за асистенција, додека асистентите никогаш не доаѓаат, само ги земаат парите. Ова е другиот проблем што го имаме, затоа се бара итно формирање национална агенција“, изјави Суарет Алишан, Здружение „Коалиција менуваме“.

Но, Министерството за здравство ветило само ортопедска опрема. Немало да се плаќа за бел стап, за термометар и мерачи на дијабетес и за притисок. Но, од здружението велат дека тоа не е доволно и оти се соочуваат со маргинализација.

Од Министерството за труд и социјална политика велат дека треба да се направат одредени законски измени за да се додадат и здруженијата на лица со посебни потреби. Според нив, право на минимална загарантирана помош има секое семејство кое е материјално необезбедено и не поседува имот и имотни права од кои може да обезбеди приход. Право на минимална загарантирана помош не може да го оствари семејство кое не е изложено на социјален ризик.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button