ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Лога: Тенденциозно е амнестијата да се врзува само за едно дело

Предлог-законот за амнестија, кој се очекува да ги вклучи и двајцата осудени за помош во случајот „Монструм“, предизвика реакции во кои партиите од парламентарното мнозинство се обвинети за политичко договарање со затворениците. Фејзи Азири и Хаки Азири осудени на 15 и 9 години затвор за делото „помагање на сторителот по извршеното кривично дело“ ќе бидат амнестирани и ослободени доколку законот влезе во сила. Ова е затоа што Хаки Азири е при крај со изржување на затворската казна, а Фејзи Азири со 30% од мерката за помилување се ослободува во рок од неколку недели. Запрашан конкретно за двајцата осудени, министерот за правда, Кренар Лога, ги отфрли обвинувањата за политичко договарање, нагласувајќи дека законот ги помилува прекршоците, а за случаите е надлежен Управата за извршување на санкциите.

„Вашето прашање е тенденциозно и го поврзувате само со еден случај. Јас реков дека е истиот закон како во 2018 година. Ако тогаш биле помилувани овие дела, тие ќе бидат амнестирани и сега“, велеше Лога.

Фејзи Азири и Хаки Азири по првото обвинение беа осудени на доживотен затвор за дело тероризам. Во 2017 година, Врховниот суд го врати случајот „Монструм“ на повторно судење, оставајќи ги обвинетите да се бранат на слобода. По обвинението кое во тоа време го застапуваше поранешната специјална обвинителка, Фатиме Фетаи, Хаки и Фејзи Азири беа осудени од судот за помагање и осудени на 15 и 9 години затвор. Алил Демири, Афим Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ се осудени на доживотен затвор за дело „тероризам“.

Случајот „Монструм“ се случи во 2012 година, а на двајцата обвинети, со одредена ефективна мерка, им беше пресметано и времето поминато во притвор, односно досега 11 години за Фејзи Азири и 8 за Хаки Азири. Хаки Азири од 2017 до 2020 година имаше прекин на издржување на мерката. Нивниот адвокат, Насер Рауфи изјави дека со изгласувањето на законот очекува ослободување на двајцата осудени.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button