СПОРТ

Лоис Боасон, не доби „вајлд-карта“ и ќе игра квалификации за Вимблдон

Организаторите на Вимблдон го објавија списокот на „вајлд-карти“ за годинашното издание на третиот Грен слем турнир. На него ја нема французинката Лоис Боасон, која го воодушеви тенискиот свет со пласманот во полуфиналето на Ролан Гарос, а сега не доби директна покана за настап во главната ждрепка.

Advertisements

Иако во Париз стартуваше како 361. на ВТА листата, 22-годишната Бозон успеа да стигне до полуфинале, каде беше елиминирана од идната шампионка Коко Гоф.

По неверојатниот настап, таа скокна до 67. место на светската ранг-листа и со право се надеваше на вајлд-карта за Вимблдон, но сепак ќе мора да тргне од квалификациите.

Оваа година, организаторите доделија вкупно 15 вајлд-карти осум во женска и седум во машка конкуренција и речиси сите завршија кај британски тенисери. Единствената вајлд-карта што не отиде кај домашен натпреварувач е онаа за поранешната шампионка Петра Квитова, денес 572. на светот. Чешката ветеранка е двократна освојувачка на Вимблдон и во минатото втора тенисерка на светот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button