СВЕТ

Локализиран е пожарот во трафостаницата во Лондон, „Хитроу“ останува затворен до полноќ

Со координирана акција успешно е локализиран пожарот во трафостаница во западен Лондон и спречено е негово понатамошно ширење, велат од противпожарната служба на Лондон во објава на нивната веб-страница.

Advertisements

На пожарот, како што се додава во објавата, интервенирале околу 70 пожарникари со десет противпожарни возила.

Помошник-комесарот Пат Гулбурн вели дека пожарникарите ќе останат на местото на настанот во текот на денот.

„Нема извештаи за повредени. Пожарникарите безбедно евакуираа 29 лица од соседните имоти, а како мерка на претпазливост беше воспоставен кордон од 200 метри, при што се евакуирани околу 150 лица“, додава тој.

Тој упатува совет до локалните жители да ги држат затворени прозорците и вратите бидејќи дел од чад ќе остане уште неколку часа.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button