МАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот во старски дом во Кавадаречко

Локализиран е пожарот што утринава изби во старскиот дом ,,Доктор Јанески” во кавадечкото село Чемерско.

„Пожарот што зафати дел од кровот на домот е локализиран. Сите корисници безбедно се евакуирани и однесени во Општата болница Кавадарци, каде што ќе останат неколку дена“, соопштија од Домот.

Advertisements

Во болницата во Кавадарци се пренесени околу 30 лица што во моментот биле во домот. Тие, како што изјави директорката на болницата, се во стабилна состојба и без повреди.

„Сите штитеници на домот во Чемерско се сега за сега стабилни. Ќе бидат згрижени сè до нивно понатамошно транспортирање дали до фамилиите или до другите домови. Чекаме уште две пациентки, и тие се во стабилна состојба и ќе бидат под надзор од нашите вработени и од вработените во Домот за стари лица“, изјави за МИА директорката на Општата болница Кавадарци.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button