ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Локализиран пожарот во Тетово, огнот се гаснеше со часови

Локализиран пожарот во Тетово, огнот се гаснеше со часови

Продолжува и натаму да чади во тутунскиот комбинат во Тетово, кој изутринава го опфати пожар, од досега непознати причини. Во гаснењето на пожарот, се вклучија и пожарникари од Скопје, Гостивар, и Куманово, меѓутоа пламените јазици само се проширија уште повеќе, се до додека на помош не дојдоа хеликоптерите на Центарот за управување со кризи, и на Армијата. Пожарот се локализираше дури по шестиот час од интервенцијата, а беше проследен и со контрола од специјалните екипа од Армијата, кои мереа воздушна загаденост, за да одлучат дали треба или не треба децата да се пуштат на училиште.

Меѓу пожарникарите, шестмина добија симптоми на лесна задушливост од чадот но се надвор од животна опасност, а еден цивил, се здоби и со скршеница на ногата, додека помагаше во гаснењето. Очевидец кој прв стигнал на местото на пожарот вели дека, немало шанси пожарот да се гаси со црева за вода, оти материјалот кои бил складиран во депото, брзо се запалил.

Иако црниот чад го заобиколи скоро целиот град, сепак загадувањето во Тетово, според мерењата од институциите не е големо, и децата утре ке се вратат во училишните клупи.

Општина Тетово, Денеска побара од Владата, да се прогласи вонредна состојба, меѓутоа, не доби позитивен одговор од влада.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button