МАКЕДОНИЈА

Локална нестабилност со врнежи од дожд утре попладне

Појава на локална нестабилност со врнежи од дожд ќе има утре во попладневните часови. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните температури во текот на утрешниот ден ќе се движат од 3 во Берово до 9 степени во Гевгелија, а максималните од 14 во Маврово до 25 степени во Гевгелија.

Времето во Скопје ќе биде слично, со температури од 9 до 22 степени.

Под влијание на топла воздушна маса од југ во следните денови ќе има значително затоплување  со дневни температури кои на места ќе бидат над 30 степени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button