СПОРТ

Лос Анџелес Клиперс се пласираше во полуфиналето на Западната конференција

Лос Анџелес Клиперс се пласираше во полуфиналето на Западната конференција откако го совлада Далас со 126-111. или со конечни 4-3 во победи. Меѓу најефикасните беше Леонард со 28 поени, додека кај Далас се истакна Дончиќ  со 46 поени. Во полуфинале Клиперс ќе играат со Јута Џез. Атланта Хоукс, го доби првиот натпревар од полуфиналето во Источната конференција, откако ја совлада Филаделфија со 128-124. Тре Јанг беше најпрецизен кај Атланта со 38 поени, додека Богдановиќ даде 21 кош. Во меѓувреме, кај домаќините се истакна Џоел Ембид со 39 поени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button