СВЕТ

Лос Анџелес: Задолжителна вакцинација за сите ученици до почетокот на второто полугодие

Учениците во Лос Анџелес на возраст над 12 години мора да бидат вакцинирани против коронавирусот пред да се вратат на училиште следната година по зимскиот распуст.

Управниот одбор на училишната област во Лос Анџелес вчера изгласа дека се очекува да се вакцинираат речиси сите 630 000 ученици – оние кои се занимаваат со спорт и други воннаставни активности до крајот на октомври, и сите други до 19 декември.

Учениците кои нема да покажат потврда за вакцинација, ќе им биде забрането да посетуваат настава во училниците по завршувањето на зимскиот распуст на 11 јануари. Тие ќе мора да посетуваат настава на далечина според независната студиска програма на ЛАУСД.

Училишниот систем во Њујорк, кој е најголем во САД, одреди задолжителна вакцинација за само 20 000 ученици-спортисти во одредени спортови за кои се смета дека се изложени на висок ризик од ширење на коронавирусот, како што е борењето.

Американските регулатори ја одобрија употребата на вакцината „Фајзер/БиоНТек“ против ковид-19 за деца од 12 до 15 годишна возраст.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button