ЗАБАВАМЕТРОПОЛ

Љубовен хороскоп за јуни 2023

Кој ќе има флерт кој ќе заврши лошо, а кој ќе ја круниса врската со брак? Што им прогнозираат ѕвездите на хороскопските знаци на поле љубов на почетокот од летото?

Каков ќе биде месец јуни за хороскопските знаци на љубовен план?

Овен

Ако сте во врска

Во љубовната врска работите нема да ви бидат стабилни поради посесивноста и љубомората. Можни се непријатни дијалози и заладени односи.

Чувствувате дека партнерот поставува превисоки критериуми пред вас и не ви се допаѓа насоката во која се движат работите. Можен е дури флерт на страна и тајна врска. Едноставно, барате личност која ќе ве разбере.

Ако сте слободни

Почекајте го крајот на месецот за носење на сериозни одлуки. Тогаш ќе ви се разбуди желбата за крај на сингл животот и фокус на една личност која ќе ве исполнува.

Ви претстојат пријатни и емотивни мигови. Ќе се посветите на семејството повеќе од кога било.

Бик

Ако сте во врска

Во врска сте со личност која очекува од вас многу посветеност и постојаност, а вие се колебате дали можете да ѝ го дадете тоа. Во сите други аспекти се согласувате одлично.

Испланирајте некое заедничко патување и отворено поразговарајте дали можете да го дадете тоа што се очекува од вас. Плус, обидете се оваа личност да ја заразите со вашата љубов кон мода и страст кон животот.

Ако сте слободни

Ќе имате возбудлив период пред вас, но внимавајте можно е да влезете во врска со некој кој не е слободен. Можно е да се работи за личност на висока позиција.

Исто така, можно е да направите неуспешен потег и ако влезете во врска со некој поранешен симпатија. Со огнените знаци едноставно нема да се разбирате, размислете за продлабочување на комуникацијата со некоја смирена и трезвена личност.

Близнаци

Ако сте во врска

Кон крајот на месецот можно е да заминете сами на некое патување и тоа да доведе до љубомора во врската. Сепак, ќе одолеете и нема да влезете во тајна авантура.

Клучно за опстанокот на вашата врска ќе биде квалитетната комуникација со партнерот. Тој конечно ќе почне да ви се отвора за проблемите на работа, но и за стравовите со кои се соочил во изминатиот период.

Ако сте слободни

Периодот ќе биде возбудлив за сите припадници на знакот кои фантазираат за луда авантура и за врска со некој од минатото.

Можно е да успеете да се прилагодите на потребите на една личност која е малку напорна со барањата, но вашата моментална жртва може да вроди со плод на долг рок и да имате хармонична љубовна врска.

Рак

Ако сте во врска

Некоја романса од работа која се претвори во љубовна врска пред извесен период може да ви донесе проблеми.

Ако сте во врска со многу амбициозен партнер, мора да бидете подготвени да попуштите за многу работи и да бидете поприлагодливи од кога било.  Сепак, ќе оставате впечаток на интересен партнер, со кој е предизвик да се биде во врска.

Ако сте слободни

Ќе бидете опсипувани со внимание од припадници на спротивниот пол. Ќе ве одбиваат неорганизираност и неспособност, а ќе ве привлекуваат личности кои се занимаваат со уметност или можеби медицина.

Не се двоумете да го направите првиот чекор, без разлика како и да ви изгледа дека ќе биде исходот од другата страна.

Лав

Ако сте во врска

Ако сте на почеток од врската, овој месец може да се одрази лошо врз неа. Исто така, ова не е добро време за сериозни договори околу селење и започнување на заеднички бизнис.

Избегнувајте ситуации кои може да ви предизвикаат стрес, затоа што со партнерот не комуницирате најдобро периодов.

Ако сте слободни

Месецов ќе бидете лесно заљубливи и можно е да впловите во некоја неочекувана авантура. Ќе ги изнесувате своите емоции јасно и гласно, без да размислите дали има шанси да направите некаква штета.

Исто така, бидете внимателни со користење на социјалните мрежи. Ако се воздржите од некои ненадејни потези, ви претстои добар период.

Девица

Ако сте во врска

За да успеете да го вратите мирот и хармонијата во врската, ќе мора да тактизирате со партнерот.

Испланирајте некое заедничко патување и обидете се да ја вратите почетничката страст од врската. Исто така, периодов внимателно бирајте ги темите за разговор.

Ако сте слободни

Љубовниот живот периодов ќе ви биде малку стресен, ако не го прифатите додворувањето на некоја личност од вашата околина. Таа ќе биде толку упорна, што дури ќе почнете да се колебате дали ве сака или е опседната со вас.

Кон крајот на месецот ќе бидете расположени само за дружби со пријателите.

Вага

Ако сте во врска

Со партнерот не правете сериозни чекори како што е земање на заеднички кредит. Пронајдете некое друго решение за моменталната ситуација.

Ако гледате дека партнерот продолжува со впловување во финансиски ризици, размислете добро дали ова е личност со која можете да си го замислите животот.

Ако сте слободни

Чувствувате голема привлечност кон некоја личност од вашата околина, но не сте сигурни дали оваа личност е слободна. Прво, добро распрашајте се, ако не сакате срцето да ви биде скршено.

Можно е да станува збор за некој уметник или спортист, кој ќе ве привлече со тоа што си живее во некој свој свет.

Скорпија

Ако сте во врска

Љубовниот живот ќе ви биде многу комплициран периодов и вие ќе се трудите да се покажете во најдобро можно издание пред саканата личност.

Ќе дадете сè од себе за да ги одржите дадените ветувања, но токму тоа може да ви го искомплицира животот.

Ако сте слободни

Можно е да имате средба со некоја навистина страсна личност, на чиј шарм нема да можете да одолеете.

Месецов ќе ви биде преполн со средби и драстични промени. Ако долго време сте сингл, можно е на моменти да ве преплавува страшно чувство на осаменост.

Не претерувајте со анализите, некогаш токму тоа може да ве доведе до погрешни заклучоци.

Стрелец

Ако сте во врска

Ситуацијата во љубовната врска ќе ви биде сјајна, само ако двајцата сте задоволни каде се наоѓате во моментов на поле кариера.

На моменти сте нетолерантни кон партнерот и нетрпеливи за некои работи да се случат, па токму тоа да може да биде потегот со кој ќе фрлите сенка врз вашата љубовна врска.

Ако сте слободни

На некој официјален настан ќе освоите нечие срце.

Можно е да започнете врска со личност од друг град или друга држава. Вашиот љубовен живот ќе им биде материјал за трач на другите.

Секој ќе има мислење за тоа што и како треба да правите во животот, но реалноста е дека само вие сте одговорни за тоа.

Јарец

Ако сте во врска

Љубовниот живот периодов ќе ви биде сè, освен извор на среќа, особено на постарите Јарци кои добро знаат што сакаат.

На партнерот ќе му се правдате за работа за која навистина не сте виновни и тоа може да ви го наруши личниот мир. Сепак, овој кризен период брзо ќе го надминете.

Ако сте слободни

На некој многу му значи да се приближи до вас и одлично би било да му го дозволите тоа, освен ако не станува збор за забранета љубов од работа.

Исто така, можно е некое пријателство да се претвори во љубов. Тие долги, ноќни разговори кажуваат нешто повеќе.

Водолија

Ако сте во врска

Овој месец може да ви донесе многу нови и убави работи, но и мало незадоволство од вашиот партнер, кој во последно време има потреба да му се објаснувате за сè.

И тој и вие сте жртви на трачеви, кои залудно ви ја нарушуваат довербата во врската. Разговарајте отворено, со сите карти на маса.

Ако сте слободни

Ќе дојде до некое лудо познанство со карање, смирување и на крај љубов. Ќе има сцени, но тие некако ќе произлезат од страста која ја чувствувате еден за друг.

Нема да сакате тешка врска, ќе сакате безгрижна авантура, која спонтано би се претворила во нешто повеќе и овој јуни ви го носи тоа.

Риби

Ако сте во врска

Ако сакате официјализирање на врската и брак, време е тоа отворено да му го кажете на партнерот. Бидете директни, како и кога станува збор за работата.

Се разбира, потоа достоинствено прифатете го одговорот, дури и да не е таков каков што посакувате. Барем ќе знаете на што сте и каква иднина за себе да си планирате.

Ако сте слободни

Не постои нешто што може да ве спречи на патот до реализирање на вашите соништа кога е љубовта во прашање.

Но, новата личност што ќе влезе на љубовен план во вашиот живот ќе ја преоптоварите со вашите преголеми барања. Тоа ви е навика, но овојпат пристапете поумерено.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button