СПОРТФУДБАЛ

Луис де ла Фуенте: Пристапот е ист, со една цел – победа!

Шпанската фудбалска репрезентација е единствента од групата „Б“ која избори учество во нокаут-фазата на Европското Првенство во Германија. „Црвената фурија“ е на првото место во групата со шест освоени бодови по триумфите над Хрватска и Италија, но тоа нема да биде олеснителна околност за следниот предизвик – Албанија.

Шпанскиот селектор Луис де ла Фуенте коментирајќи го последниот натпревар од групната фаза откри дека на теренот ќе ги испрати најдобрите единаесетмина кои нема лесно да го сфатат предизвикот и неговиот тим ќе игра за само една цел – победа.

„Нема лесно да го сфатиме овој натпревар. Ќе настапи најконкурентниот тим. Имам доверба во сите 26 фудбалери. Во игра се многу прашања како престиж, признание, напредок… Пристапот ќе биде како и на секој претходен. Со план за игра кој сметаме дека е најдобар и со само една цел – победа“, изјави Де ла Фуенте.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button