
Легендата на холандскиот фудбал, Луис ван Гал, по 19 години се врати во Ајакс, каде што ќе ја има улогата на советник во најтрофејниот холандски клуб, кој е во огромна криза.
Тој доаѓа на местото Јан ван Халст, кој реши да се пензионира на крајот на својот мандат. Трофејниот тренер третпат е во Амстердам. Претходно беше од 1988 до 1997 година, кога ги водеше помладите категории, а потоа беше асистент, а потоа и шеф на стручниот штаб. На Ајакс му го донесе трофејот во Лигата на шампионите во 1995 година.
Во текот на 2004 година кратко време беше технички директор, а работел како тренер во Барселона, АЗ Алкмар, Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.
„Сакам да му помогнам на Ајакс. Живеам во Португалија и ми одговара улогата на надворешен соработник. Можам да му го понудам моето знаење на надзорниот одбор“, изјави Ван Гал.
Ајакс минува низ најлошите моменти во својата 123-годишна долга историја. Минатата недела го загубија дербито против Феенорд со 0-4, а во моментов се фури на 15. место на табелата во Ередивизија.