Лука Модриќ наскоро ќе ја заврши етапата во Реал Мадрид. Славниот хрватски фудбалер е пред крајот на својата кариера, а шпанските медиуми пишуваат дека „кралевите“ веќе ја пронашле неговата замена која треба да пристигне на почетокот на следното лето.
Се работи за одличниот германски репрезентативец и член на Баер Леверкузен, Флориан Вирц, кој веројатно ќе биде доведен за сума од 120 милиони евра и веднаш ќе го добие дресот со бројот 10, што ќе претставува вистинска чест за 21-годишниот плејмејкер.
Се претпоставува дека тој одлично би се вклопил со Џуд Белингем во средниот ред и се очекува да биде огромно засилување за новите „галактикос“, кои сигурно ќе продолжат со создавање на силен „дрим-тим“.
Флориан Вирц досега настапи на 119 мечеви за „фармацевтите“ и постигна 29 првенствени погодоци, а минатата сезона беше еден од клучните играчи на Чаби Алонсо во походот кон првата историска шампионска титула.