СПОРТ

Лукаку се врати во Челзи

Тој пристигна од Интер во рекорден трансфер на тим од Серија А, вреден 115.000.000 евра.

Корпулентниот напаѓач ќе добива 12 милиони евра месечно, како и бонуси со фиксна плата.

“Среќен сум и благословен што се вратив во овој прекрасен клуб. Навивав за Челзи уште како дете. Нашите патеки се совпаѓаат. Оваа можност доаѓа во вистинско време и заедно можеме да имаме многу успеси”, рече Лукаку по враќањето.

Лукаку веќе беше член на „сините“ во периодот од 2011 до 2014 година, но за тој клуб одигра само 15 натпревари, а не се запиша како стрелец.

Исто така, Челзи го испрати на позајмица во Вест Бром и Евертон, каде што тој се пресели „трајно“ во 2014 година.

По три години, тој замина во Манчестер Јунајтед, каде што не се снајде најдобро, за повторно да „процвета“ во Интер во претходните две сезони.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button