ВЕСТИ

Лукашенко вели дека Украина е само почетокот

Лукашенко вели дека Украина е само почетокот

Според белорускиот претседател Александар Лукашенко, ова што се случува во Украина е само почеток. Вели дека обидот на Западот да му диктира на целиот свет што да прави веќе на сите им здодеало. Како што вели Лукашенко, светот се престојува.

Лукашенко изјави дека настаните во Украина претставуваат елемент на голема светска прераспределба, во која ќе страдаат малите држави. Белорусија планира да одржува добри односи со Русија, Индија и Кина.

„Никој не знае како ќе заврши. Никој не знае како ќе се развива ситуацијата. Тоа што се случува во Украина е почеток. Тоа е еден од елементите на голема прераспределба на светот. Ќе се крши, ќе се руши. Ќе страдаат малите држави“, кажал Лукашенко.

Белорусија ја поддржува Русија од самиот почеток на инвазијата на Украина. Дури од нивна територија руските сили изведоа напад на Украина. На белоруска територија се одржаа преговори, кои не вродија со договор за мир. Западот воведе санкции за Русија и Белорусија поради војната во Украина.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button