СВЕТ
МААЕ: Нема докази дека Иран има намера да создаде нуклеарно оружје

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаело Гроси, во разговор со Кристијане Аманпур за CNN, рече дека извештајот на МААЕ покажува оти нема докази дека Иран систематски се обидува да се движи кон нуклеарно оружје.
„Она што го објавивме е дека немаме никакви докази за систематски напор за движење кон нуклеарно оружје. Се наоѓаме во момент на посебна тензија. Тие имаат многу нуклеарен материјал. Тие немаат нуклеарно оружје во овој момент. И ние мора да преговараме“, рече Гроси, додека Аманпур објави на својот профил на X network, најавувајќи го разговорот со Гроси.
Извор: The Economic Times