КОШАРКАСПОРТ

Мајами повторно го казни Батлер,  сега “само” со 2 натпревари

Првата ѕвезда на Мајами Хит, Џими Батлер е суспендиран на два натпревари како дел од дисциплинскиот процес на тимот затоа што доцнел на клупскиот авион за патувањето во Милвоки, каде требале да се сретнат со Бакс.

„Го суспендиравме Џими Батлер на два натпревари поради постојана шема на непочитување на правилата на тимот, непослушност и дејствија кои директно влијаат на тимот, што вклучува и пропуштање на летот до Милвоки“, се вели во соопштението на клубот.

Франшизата веќе го суспендираше 35-годишниот играч на седум натпревари затоа што јавно кажа дека не сака веќе да биде дел од овој клуб.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button