
Македонските ракометни репрезентативци денеска ќе го одиграат последниот меч од првата фаза на СП во Вараждин и тоа против аутсајдерот Гвинеја (18 часот) во меч во кој ни треба најмалку еден бод за да се пласираме во следната рунда, а со тоа да обезбедиме уште три меча во овој хрватски град крај брегот на реката Драва.
Африканците претрпеа два убедливи порази досега (18-35 со Унгарците и 23-40 со Холанѓаните), додека Македонија прво ремизираше против Унгарија (27-27) додека загуби од Холандија (32-37). Македонската селекција со евентуална победа, па дури и реми сигурно ќе се најде во следниот круг на СП, каде што ќе пренесеме еден бод и каде што ќе се пресметаме уште со Франција, Австрија и Катар.