Македонија и Алабнија потпишаа 21 меморандум за соработка
Македонија и Алабнија потпишаа 21 меморандум за соработка

Во рамки на втората заедничка меѓувладина седница меѓу владите во Скопје и Тирана се потпишани 21 меморандум и договори за соработка. Двајцата премиери Димитар Ковачевски и Еди Рама рекоа дека договорите, меѓу другото, вклучуваат изградба на заедничка инфраструктура за природен гас и обновливи извори на енергија, патни врски преку Коридорот 8, изградба на суво пристаниште во Струга и отворање на нов граничен премин Струга-Поградец.
Рама рече дека билатералните односи меѓу двете земји никогаш не биле подобри и дека земјите веќе се во нова фаза на афирмирање во европското семејство. Прашани за уставните измени, двајцата премиери беа критични кон опозицијата.
“Измените што се бараат, во овој случај за Северна Македонија, кои се договорени, ми се чини дека само злобата, кусогледоста и лажниот патриотизам можат да ги претворат во причина за поделба и причина за создавање проблеми во оваа земја, во време кога ова земја треба да трча како и сите други земји за да го фати изгубеното време“, рече Еди Рама, Премиер на Албанија.
Иницијативата Отворен Балкан донесе резултати во зголемување на увозот и извозот, рече премиерот Рама. И покрај тоа што истите договори во рамки на Отворен Балкан потпишани меѓу трите земји, Северна Македонија – Албанија – Србија, беа потпишани и меѓу лидерите во целиот регион во рамките на Берлинскиот процес, Рама и Ковачевски стојат во одбрана на иницијативата.
„Вреди уште повеќе бидејќи локомотивите вака ги менуваат местата со вагоните. Берлинскиот процес е локомотива која ги повлече сите лидери на регионот на ново патување, а на одреден начин таа локомотива беше заложник од вагоните. Практично, ние го туркавме процесот напред“, додаде Еди Рама, Премиер на Албанија.
Ова беше втора меѓувладина седница меѓу двете земји. Првата се одржа пред пет години, во декември 2017 година. Некои од договорите кои тогаш беа потпишани, се уште не се реализирани./Alsat.mk
Фатлуме Дервиши