ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија и цел Западен Балкан со најлош јавен превоз во Европа

Македонија и земјите од регионот имаат најлош јавен превоз во Европа, а неквалитетниот транспорт се посочува и како една од причините за загадениот воздух, кој го дишат граѓаните. Македонски градови редовно се и на врвот на листата на најзагадени во Европа и светот.Според едно истражување само 47% од граѓаните на Македонија се задоволни од јавниот градски превоз. Понезадоволни од Македонците се  жителите на Албанија со 29%, Црна Гора 37% и Србија со 44%.

Advertisements

„Кога зборуваме за градовите, знаеме дека нашите градови се едни од најзагадените во Европа, а транспортниот сектор е еден од најголемите загадувачи, или еден од најголемите придонесувачи за загадување, затоа бараме решенија кои што ќе носат нула емисии. Минатата година нашите министри донесоа декларација за чисти автобуси. Ако има политичка воља и политичко прифаќање од страна на политичката заедница, тогаш може да имаме една платформа за чисти автобуси“, рече Недим Беговиќ- Транспортна заедница.

„Тоа не е факт само за Северна Македонија, туку исто така е факт и за сите Западнобалкански земји.Точно е дека транспортот допринесува до зголемување на емисиите на јаглерод диоксид, меѓутоа за среќа има алтернативи, кои што можат да работат на овие емисии. Повеќе да се фоксуираме на бројот на индивидуални возења, односно бројот на возила кои се управувани и кои ги користи само еден возач и да се фокусираме на зголемување на бројот на пешаци и велосипеди“, рече Ивен Шад, Германска развојна соработка.

На македонските градови им се потребни повеќе електрични возила, кои ќе придонесат за намалување на загадувањето, како и подобрување на патната инфраструктура. Но за тоа е потребна политичка воља од носителите на власт во државата, велат експертите.

„Паралено со инфраструктурата треба да се решаваат и прашањата со транспортот и со тоа ќе се стигне до одржливи решенија, како во градовите, така инфраструктурно и во целата држава .Се е врзано со политички одлуки и инвестициите во транспортот, кои заедно со енергетиката се едни од главните столбови на секоја држава и затоа државата треба да смогне сили и доста да вложи во оваа област, во делот на замена на сообраќајните средства за превоз и во делот на решавање на превозот како во градовите така и меѓу градовите“, рече Методија Атанасовски-професор на технички факултет во Битола.

За овие проблеми во Охрид се зборува на регионалната конференција „Зелени урбани транспортни решенија“.Фокусот е ставен на предизвиците и решенијата поврзани со развојот на одржливи урбани транспортни системи во земјите од Западен Балкан.

Мики Трајковски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button