
Македонската репрезентација утрешниот натпревар (15 часот) против Лихтенштајн во Вадуц на старот од квалификациите за Светското првенство 2026 година ќе го игра во црни дресови, во знак на почит на загинатите и повредените во ужасната трагедија во Кочани која ја потресе Македонија.
Националниот тим доби потврден одговор на барањето до домаќините и УЕФА да игра во темни дресови, на кои, според најавите, ќе има и напис „Кочани“ како сеќавање на 59 млади животи кои згаснаа во страшната трагедија.
Јасно е дека мечот ќе мине во тажна атмосфера, но со огромен мотив меѓу репрезентативците со победа на стартот од квалификациите да оддадат спомен на сите жртви.
Натпреварот меѓу Лихтенштајн и Македонија се игра од 15 часот.