ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија напредува во спроведувањето на Договорот од Преспа, но не и Грција

Македонија и Грција силно веруваат во Договорот од Преспа. Ова го изјавија министрите за надворешни работи на двете земји, Бујар Османи и Никос Дендијас, за време на средбата во Скопје. Османи рече дека грчката страна ги исполни двете најважни обврски од Договорот од Преспа, поддршка за членство на Македонија во НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Тој додаде дека со нивниот грчки колега разговарале и за ратификација на одредени договори и меморандуми во грчкиот парламент.

Го отворив прашањето за сообраќајните знаци во Грција на оваа средба и разговарав за техничките причини за недовршување на овие прашања во грчкиот парламент. И се договоривме за начините на кои тие ќе се реализираат во наредниот период. Што се однесува до табелите, објаснувањето е дека локалните власти се тие што не покажуваат ентузијазам, но и за ова прашање разговаравме подетално и мислам дека во следниот период ќе има решение – изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи.

Шефот на грчката дипломатија Никос Дендијас рече дека Грција може да биде најдобриот пријател на Македонија. Тој нагласи дека треба да продолжи спроведувањето на Договорот од Преспа. Според Дендијас, Грција е задоволна од досегашната имплементација.

Преземени се многу чекори, од кои едниот е отстранување на знакот пред зградата во која се наоѓаме, именуван по кралот Филип, таткото на Александар Велики, бидејќи заедно се согласивме дека во тоа време вашите предци се уште не пристигнале на Балканот. Тие немаа можност да се борат под водство на Александар Македонски во длабочините на Азија. Името на Археолошкиот музеј беше сменето како и знаците на граничните точки. Спроведувањето на договорот не е бирократска работа, за тоа, има временски рок  – рече Никос Дендијас, министер за надворешни работи на Грција.

Дендијас, исто така нагласи дека треба да се запрат погрешните толкувања на Договорот од Преспа, кои го попречуваат неговото спроведување. За време на посетата на Скопје, Дендијас, покрај средбата со министерот Османи, се сретна и со шефот на државата.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button