РАКОМЕТСПОРТ

Македонија сака да се реваншира на Австрија за поразот на Европското Првенство

Почнува главната групна фаза на Светското првенство во ракомет, а првиот ривал на Македонија е Австрија. Селекторот на оваа репрезентација има сериозни проблеми пред натпреварите од втората рунда со Македонија, Холандија и Унгарија.

По Никола Билик и Јанко Божовиќ, транереот на Австрија Пајовиќ остана и без десниот бек Борис Живковиќ. Искусниот бек заработи повреда на рамото на натпреварот против Катар и не беше дел од натпревар со Франција, но нема детали за тоа колку ќа паузира.

Австрија ќе настапи без главното бековско трио, но сепак и натаму е компетитивна. Ракометарите на Македонија ќе се обидат да се реваншираат за поразот на Европското првенство во Виена во 2020 година.  Натпреварот меѓу Македонија и Австрија се игра попладнево од 15:30 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button