МАКЕДОНИЈА

Македонија се чувствува ниво повеќе од Бугарија, вели претседателот на Здружението македонско-бугарско пријателство

Самото вметнувањето на Бугарите во Уставот не би го решило прашањето на односите меѓу Македонија и Бугарија, вели Добре Митрев, претседател на Здружението македонско-бугарско пријателство. Како што оценува тој во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, во нашата земја владее мислење дека сме едно ниво над Бугарија.

„Не мислам дека со вметнувањето на Бугарите со уставот ќе се реши прашањето на односите меѓу Македонија и Бугарија. Начинот на размислување во Македонија е погрешен…, јас би рекол и кон Бугарија. Дали тоа е од минатото време, кога бевме ние во Југославија, а тие во источниот блок…начинот за размислување за тие земји…таму беа и Чешка и Полска и Романија…за нив нема никаква дискриминација, а за Бугарите има…пристапот е погрешен. Мислам дека Македонија се чувствува едно ниво повеќе од Бугарија“, вели Митрев.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button