ЕКОНОМИЈА

Македонија сиромашна, а банките полни со пари

31 октомври е познат како Меѓународен ден на штедењето. Но, дали нашите граѓани успеваат да заштедат од платите што ги добиваат? Оние со кои зборувавме ни рекоа дека на страна можат да тргнат пари само оние кои земаат високи плати, а другите едвај обезбедуваат опстанок.

Според гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска, во земјава има зголемување на граѓанските депозитите за 20. Вкупните денарски депозити се 340 милијарди денари. Тоа се околу 5 и пол милијарди евра. Според неа, има зголемување и на повеќегодишните депозити на домаќинствата и тие во моментов се на највисоко ниво во последните 10 години. Таа додаде дека граѓаните имаат доверба во банкарскиот сектор, тој е стабилен и има висок капитал.

Авни Тахири

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button