Македонија со победа над Ерменија, обезбедува пласман во втората група

Македонската Дејвис-куп репрезентацијата ја забележа и втората победа на турнирот од најмасовното тениско репрезентативно натпреварување што се одржува во Скопје.
Нашите тенисери успеаја да слават со 2-1 во пресметките со ривалите од Молдавија, откако како решавачки се покажа дубл-дуелот во кој Ивановски и Мицов славеа со 2-1 во сетови на Кјумак и Снитари. Македонските тенисери го добија првиот сет со 6-4, а во вториот пропуштија две меч-топки во тај-брејкот во кој водеа со 6-4, а на крајот го загубија со 7-9.
„Го добивме мечот во двојки. Но знаев дека мечот во двојки со Стефан мора да го добиеме и успеавме и навистина сум среќен поради тоа. Ова е голема победа за нас, која ќе ни помогне да бидеме поблиску до Втората Светска група. Мечот во двојки беше навистина интензивен и навистина сум среќен што ова вака се заврши“, изјави Калин Ивановски по мечот во дубл.
Во дуелот од 4.коло против Ерменија, аутсајдерот во оваа група, Македонија со победа ќе биде обезбеден пласман во Втората Светска група на Дејвис купот./Еkipa.mk/
FOTO: Ekipa.mk