СПОРТФУДБАЛ

Македонија спремна за првата победа во квалификациите за ЕУРО 2024

Македонската фудбалска репрезентација вечерва ги започнува квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Македонија квалификациите ќе ги започне против најлесниот ривал во групата, Малта. Во Ц-групата, покрај Македонија и Малта се и европскиот првак Италија, односно Англија и Украина.

Дуелот со Малта е добра можност националниот тим да ја подигне самодовербата и да ја прекине лошата серија. Македонија е без победа на последните пет натпревари.

Јасно е дека квалитетот е на наша страна, но Малта никако не смее да се потцени. Оваа селекција во последно време бележи солидни резултати. Досега, Македонија и Малта одиграле шест натпревари. Пет пати Македонија победила, еден меч завршил нерешено.

Натпреварот во Скопје ќе започне во 20:45 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button