ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија во моментов остана само со вакцини донирани од Србија

Влеговме во март и без кинески вакцини, иако беше ветено дека ќе пристигнат до крајот на февруари. Премиерот Зоран Заев рече дека вакцините може да пристигнат секој ден, но без да прецизира кога.

Од друга страна, министерката за одбрана Радмила Шекеринска рече дека со овој проблем се соочуваат повеќето земји – членки на НАТО. Таа рече дека снабдувањето со вакцини во малите држави е многу тешко, бидејќи количината на нарачки е мала, додека продавачите не се заинтересирани да продаваат мал број вакцини.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Хриситјан Мицковски реагираше на ставот на Шекеринска.

„Не се срамите. Сте имале можност да донесете вакцини, но не сте ги донеле. Вие се срам за оваа држава. Веднаш оставка!“

Во моментов, Македонија е има само вакцини Фајзер, донирани од Србија. 5.960 вакцини што државата ги нарача директно од Фајзер се очекува да пристигнат овој месец. За руската вакцина Спутник Ве договорот е потпишан, додека државата ги очекува вакцините „Астра Зенека“ преку механизмот „Ковакс“.

Vjollca Aliti

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button