ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија заложник на внатрешната политика на Софија?

Тесната изборна трка во Бугарија и неизвесното формирање на Влада, дополнително го комплицира македонско-бугарскиот спор. Политичката неизвесност во Бугарија и неизвесниот победник ја става Македонија во ќорсокак по однос на даденото вето за старт на преговори во Европската Унија. Според Симонида Кацарска од Инстутот за европска политика, без јасно водство во Софија, дијалогот е практично невозможен.

„Мислам дека е вредно да споменеме дека повторно луѓето коишто имаат есктремни гледишта по однос на Македонија, барем екстремни јавно, како што е Каракачанов, веројатно е дека нема да го поминат изборниот праг. Во секој случај ќе биде потешко со ваква ситуација во Бугарија и да се разговара од наша страна со нив, но и од европските партниери да очекуваме дека ќе има некој дијалог во однос на како и дали би можеле да се поместат позициите“, вели Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика.

Колку би траел ваквиот период никој не може да прогнозира, но Кацарска потсетува дека во Софија наскоро треба да се одржат и претседателските избори, а со самото тоа не очекува реториката кон Македонија да се ублажи.

„Двете партии кои предничат се многу блиску, при што партијата на Слави Трифонов нема свое искуство во управуавње со државата, генерално, иако ќе видиме како ќе се постават. Не би ги покревала надежите и поради тоа што не се исклучени и нови избори, меѓутоа и поради тоа што на Бугарија и претстојат и претседателски избори наесен, а ова прашање беше многу важно и за претседателот Радев, којшто очигледно ќе се кандидира повторно“, додава Кацарска.

Резултатската неизвесност во Бугарија, официјално денеска не ја коментираа ниту од власта ниту од опозицијата. На фејсбук се огласи поранешниот пратеник на ВМРО – ДПМНЕ, Илија Димовски, кој смета дека до претседателските избори во Бугарија наесен ќе има само времени решенија.

„Што Македонија треба да направи… Да прогласи дека никој, вклучително и Бугарија, нема право да се меша во работите на нашиот идентитет и на градење на нашата свест за историскиот, просторниот и временскиот континиум на засебноста на македонскиот народ на балканските простори“, вели Илија Димовски, поранешен пратеник на ВМРО ДПМНЕ.

Поранешниот амбасадор во Бугарија, Марјан Ѓорчев, во изјава за Алсат порача дека очекува засилен ангажман од ЕУ и од НАТО во насока на решавање на спорот слично како на соседните земји – кои и покрај споровите не беа блокирани во стартот на преговорите.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button