ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонија заостанува во спроведување на препораките на европското антикорупциско тело

Антикорупциското тело на Советот на Европа во својот годишен извештај за 2020 година ја споменува С. Македонија за неспроведување на 12 од 25 препораки на ГРЕКО. Препораките вклучуваат парламентарни процеси, реформи во судството и во телата за кривично гонење, односно обвинителството.

Извештај на ГРЕКО за 2020 година:

„Десет препораки се делумно имплементирани, додека две не се спроведени. Во процент значи 52 проценти се имплементирани, 40 проценти се делумно имплементирани и 8 проценти не се спроведени.”

Најголем напредок е забележан во судството, потоа во обвинителството и конечно во Собранието. Највисока стапка на неспроведување на препораките е забележана во законодавниот дом.

Извештај на ГРЕКО за 2020 година:

„За судиите, спроведувањето на препораките е 75 проценти, за законодавците (пратениците) се спроведени 28,6 проценти, додека за обвинителите 33,3 проценти.“

Во препораките за судиите, С. Македонија е категоризирана со Словенија, додека поефикасно спроведување регистрирале Латвија и Естонија. ГРЕКО во својот годишен извештај им препорачува на владите на земјите-членки да гарантираат соодветни антикорупциски стандарди во политичките активности, поврзани со справување со здравствената и економската криза.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button