ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонски дипломат уапсен во Србија, помагал во бегство на Ерменец

МНР во Скопје вечерва ги потврди медиумските известувања дека вработен во Министерството, кој во моментов е дел од нашата мисија во ОБСЕ во Виена, е притворен во Србија. Настанот се случил на 27 минатиот месец на граничниот премин Прешево при обид за влез во Македонија. Станува збор за Миле Миленковски, кој наводно му бил и роднина на Сашо Мијалков. Освен тој, приведен е и уште еден македонски дипломат. Наводно, Србија постапила по барање на Ерменија која води постапка за случај од пред три години. Тогаш наши дипломати оптатувале со приватен авионски лет и од Ерменија извлекле висок претставник на претходната ерменска власт гонет за проневера на големи суми на пари.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button