ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонските граѓани на ревакцинација во Ниш, Врање и Белград

Врање, Ниш и Белград. Вакциналните пунктови во овие српски градови денеска беа крајната дестинација кон која се упатија македонски граѓани, најчесто за да примат втора доза вакцина против ковид-19.

Само во Белград и во Ниш, кон крајот на март годинава, кога во земјава немаше ниту една вакцина, се вакцинираа околу 15 илјади македонски државјани со вакцината „Астра зенека“. Иако првично од македонското министерство за здравство беше најавено дека ќе се направат напори ревакцинацијата да биде во земјава, овие граѓани мораат и за втората доза да заминат во Србија бидејќи министерството одлучи „Астра зенека“ да се дава само на лица постари од 60 години.

Поголем метеж имаше утрото на граничниот премин Табановце на кој се чекаше од 30 до 40 минути за излез. Долги колони направиле и оние што се враќале во земјава.
Граѓаните со кои Алсат поразговара телефонски, велат дека и на вакциналниот пункт во Белград најмногу метеж имало утрото, додека во попладневните часови веќе било речиси празно.

Во Ниш денеска се ревакцинираа вработените во Стопанска комора на Македонија и вработени во нејзини компании-членки.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека преку Табановце денеска до 12 часот земјава ја напуштиле 3.587 македонски граѓани. Вчера, пак, во текот на целиот ден 6.570 државјани излегле од земјава.

Покрај за вакцинација, голем број граѓани од земјава си заминаа и за да го искористат продолжениот викенд. Според МВР, на преминот Ќафасан кон Албанија вчера и денеска до 12 часот излегле 4.226, а на преминот Богородица кон Грција 3.802 државјани.

Алсат

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button