СПОРТ

Македонските ракометари против три европски селекции

Ракометната репрезентација на Македонија во второто коло на Светското првенство во Египет ќе игра со 3 европски селекции. Утре е мечот против Словенија, а два дена подоцна игра со Русија. Последниот натпревар во втората групна фаза е против Белорусија. Македонија го започнува второто коло без бодови, додека Русија има 3, Словенија 2, а Белорусија еден. Во новоформираната група, Шведска има максимални бодови, а во третото коло или четвртфиналето ќе влезат само 2 репрезентации од првите места во групата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button