Македонците од Јурумлери прифаќаат настава на албански до 9-тто одделение, но…

Жителите на Јурумлери каде што се наоѓа основното училиште „Његош“ имаат различни ставови дали 13-тте деца од Идризово треба да следат настава на мајчин јазик во ова училиште од шесто до деветто одделение. Дел од нив велат дека училиштето нема простор, па затоа не може да се отвори нова паралелка, а други велат дека во училиштето има доволно простор.
Многу други жители бараат прво да се реконструира училишната зграда, а потоа да почнат процедурите за отворање на паралелката за шесто одделение.
Министерот за образование Јетон Шаќири вчера изјави дека случајот со 13-те ученици Албанци од Идризово се очекува да добие конечен епилог до петок. Според него, расплетот ќе зависи од одлуката на просветниот инспекторат која деновиве мора да биде доставена до Секторот за образование. 13-тте ученици Албанци сè уште не започнале шесто одделение во новата учебна година, бидејќи во основното училиште „Његош“ од општина Гази Баба нема настава на албански од шесто до деветто. Решението на проблемот општината го гледа во изградба на ново училиште во Идризово и привремено организирање бесплатен превоз до основното училиште во село Огњанци во општина Петровец.
Мелихате Рустеми