СПОРТФОРМУЛА - 1

Макс Ферстапен, од 9 позиција до триумф во Мајами

Двократниот светски шампион, Макс Ферстапен стигна до маестрална победа на Мајами ГП трката, иако стартуваше само како деветти на уличната патека, покажувајќи дека е подготвен да се бори за трета светска титула.

Болидот на Ред Бул повторно беше во своја класа, доминантен пред целата конкуренција, и Ферстапен успеа од деветтото место на стартот до 16. круг да се искачи веднаш зад освојувачот на пол-позицијата, неговиот колега, Серхио Перез. По ова, тој долго време беше на првото место додека Перез влезе во боксот. Ферстапен остана на патеката до 46. круг, а потоа излезе зад мексиканецот, но на посвежи (и помеки) гуми успеа да го помине во 47. круг, а потоа и рутински да ја запечати победата.

Фернандо Алонсо во Астон Мартин, повторно, беше на третото место, одбивајќи ги сите напади од ривалите од Мерцедес и Ферари. Џорџ Расел го освои четвртото место за Мерцедес, пред Карлос Саинс во Ферари, Луис Хамилтон во вториот Мерцедес и Шарл Леклер во второто Ферари. Во поени беа и двојката на Алпин, Пјер Гасли и Естебан Окон, како и Кевин Магнусене во Хас на 10. место.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button