ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

Мал дел од градинките и училиштата имаат прочистувачи на воздух

Има малку училишта и градинки кои имаат прочистувачи на воздух во своите објекти. Општина Кисела Вода има 8 основни училишта и 2 приградски. Речиси сите училници на овие објекти се опремени со прочистувачи на воздух, што значително го подобрува здравјето на децата.

Advertisements

Од Општина Чаир соопштија дека во моментот во фокусот им е поставувањето на фотоволтаичните панели и процесот е при крај.

„Како општина Чаир, почнавме да бараме ресурси кои се поеколошки и направивме многу инвестиции со поставување на фотоволтаични панели во секое училиште. По ова истражување ќе седнеме со секторот за образование и мојот персонал за да размислиме за следните чекори. Да инвестираме во прочистувачи на воздухот во затворени простории, така што, за време на наставниот процес, нашите ученици да имаат можност да дишат чист воздух“, рече Ганиу.

Покрај училиштата и градинките, Општина Кисела Вода постави и 5 прочистувачи на воздух на најфреквентните места, каде што има поголемо движење на автомобили. Градот Скопје се вбројува меѓу најзагадените градови во светот, а слична е ситуацијата и во останатите градови во земјава. Ризикот од загаден воздух останува речиси исто како и на отворено, изјави ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, Дејан Мираковски, презентирајќи ги резултатите од анализата поврзана со квалитетот на воздухот во затворени простории.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button