ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мал интерес за проверка на Избирачкиот список

Досега, малку возрасни граѓани покажаа интерес да ги проверат нивните податоци на Избирачкиот список. До вчера, 3 септември 2021 година, Избирачкиот список го проверија вкупно 11.788 лица, поднесени се вкупно 46 барања за запишување во Избирачкиот список, 28 барања за бришење податоци и 22 барања за промена на податоците во овој список.

Државната изборна комисија информира дека постапката за јавен увид на Избирачкиот список ќе трае до 9 септември 2021 година. Исто така, вкупно 36 барања беа поднесени до Државната изборна комисија по е – пошта. Од 14 до 19 септември, списокот ќе го разгледуваат политичките партии кои можат да поднесат барање за регистрација, пополнување или бришење податоци.

Конечниот Избирачки список по кој ќе се гласа на изборите ќе биде затворен на 24 септември и една недела подоцна ќе биде потпишан, согласно Изборниот законик. Се уште не е познато колку има неточни податоци во списокот и колку ќе бидат отстранети за време на јавниот увид.

Пред неколку дена, Алсат објави дека на списокот се уште има избирачи со украден идентитет. Владмир Варелов и по неколку изборни циклуси, се уште гласа во скопска Кисела Вода, иако е докажано дека неговиот идентитет го украл Горан Грујевски, поранешен началник на ДБК. Груевски не е на Избирачкиот список на улицата каде последен пат е попишан, но може да гласа како Владимир Варелов, кој беше негов колега во поранешната УБК. Никој, дури ни опозицијата, не зборува гласно за другите можни нерегуларности што излегоа на виделина пред изборите во 2016 година.

Од ДИК велат дека податоците во Избирачкиот список се базираат на податоци дадени од Министерството за внатрешни работи. По јавниот увид, МВР ги испраќа до ДИК податоците за граѓаните кои аплицирале или добиле нови документи за идентификација и за граѓаните кои до денот на изборите наполниле 18 години, така што и тие ќе имаат можност да гласаат  на 17 октомври. На 23 септември ќе се одржи ждрепката за редоследот на политичките партии на гласачкото ливче. Изборната кампања официјално започнува на 27 септември, а на 16 октомври ќе гласаат болните, беспомошните и затворениците.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button