ВЕСТИЗДРАВСТВО

Мал интерес за вакцинација против ХПВ вирусот

Родителите се најголемите кочничари во процесот на вакцинација против хуман-папилома вирусот ХПВ и покрај тоа што ракот на грлото на матката е речиси 100% предизвикан од овој вирус. Лекарите потсетуваат дека вакцината е бесплатна и наменета за девојчиња на возраст од 12 до 19 години. Момчињата ќе можат да ја имаат оваа можност од следната година. Најголем дел од ХПВ инфекциите кај мажите се асимптоматски и минливи, т.е. вирусот е присутен, но немаат симптоми, па затоа може да бидта преносители кај женските. Исто така, лекарите се загрижени за намалувањето на возраста на заболените од овој тип на рак додавајќи дека најмладиот пациент има само 14 години.

Advertisements

Александра Грозданова, докторка и претседателка на Комисијата за имунизација, вели дека вакцината против ХПВ и понатаму се соочува со голем број митови и стереотипи кои се научно неподдржани. Таа не е задоволна од бројот на вакцинирани. Процентот во 2022 година достигнал 52,5.

Според лекарите, кај женските лица на возраст од 15 до 45 години, ракот на грлото на матката е втор најчест вид на рак, по канцерот на дојка. Повеќе од 95 отсто од случаите се предизвикани по сексуален пат.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button